fbpx
пет. Јул 30th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пендаровски ќе прогласи вонредна состојба доколку партиите се договорат за датум за избори

Претседателот на државата Стево Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, доколу за тоа има консензус од сите политички субјекти, информираат од неговиот Кабинет.

„Ова ќе се случи само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, се наведува во соопштението.

Засега договор меѓу партиите нема. Според Заев во ваков случај останува 5 јули како датум за избори, а лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски денеска преку прес конференција порача дека за неговата партија прифатливи се избори кон средината на јули.

фото: Архива