Свет

Тројца повредени во силен земјотрес во Турција

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција, соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Сулеман Сојлу.

Во земјотресот повредени се три лица, Според министерот за внатрешни работи Сојлу овие лица се повредени кога се урнала воена кула за набљудување.

Сојлу напиша на Твитер дека едниот од чуварите останал заробен под урнатините, додека другите двајца се полесно повредени.

фото: Архива

На почеток