Македонија

Заев и Мицкоски се договорија: Избори на 15 јули, ќе се прогласи нова вонредна состојба

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека изборите ќе бидат на 15 јули, по претходен договор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да влезат во демократскиот процес. Заев рече дека очекува Мицкоски јавно да потврди дека на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите.

„СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорнсот за да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Разговарав со Мицкоски и тој е согласен да учествува на изборите на 15 јули. Тоа е среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, одлуки и спас на државата. Понеделник и вторник (13 и 14 јули) ќе бидат денови за гласање на болните и изнемоштени лица, како и хронично болните, болните од Ковид-19, лицата во самоизолација.

Молкот ќе е на 12 јули, недела“, рече Заев. Тој најави дека од Пендаровски ќе се бара нова вонредна состојба, за да може изборите да бидат на 15 јули.

фото: Архива

На почеток