Македонија

Денеска облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Времето денеска облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информира УХМР. Локално ќе има пообилни врнежи, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната ќе се искачи до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

фото: Архива

На почеток