fbpx
нед. Сеп 27th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Села го спука Ахмети и најави што ќе прави ако победи

Промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата, изјави во Тетово лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Албанците во 2016 веруваат дека ќе се урне режим, пола од режимот падна. Нашата коалиција ќе донесе промена и пад и на другиот дел од режимот. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван јазикот на 20 проценти, туку албански јазик во законот за јазици – рече Села.

Тој додаде дека граѓаните на изборите ќе го пратат Али Ахмети во опозиција.

-Ахмети 18 години беше на власт и не успеа да ги одбрани интересите на Албанците и сега бара Албанец премиер. Во овие 18 години ти беше премиер на Албанците и имаше на располагање буџет од 60 милијарди и не успеа да обезбедиш елементарни услови за Албанците како училишта и градинки – рече Села.