fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

СЗО: Би било многу тешко да се каже со сигурност дека ќе имаме вакцина против КОВИД 19

Не е сигурно дека ќе можат да направат ефикасна вакцина против новиот коронавирус што ја предизвика пандемијата на Ковид-19 или можеби ќе помине една година пред да произлезе нешто од ваквите напори, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО).

„Би било многу тешко да се каже со сигурност дека ќе имаме вакцина“, истакна тој. „Никогаш досега сме немале вакцина против некоја форма на коронавирус. Ова значи дека тоа ќе биде прв таков пронајдок кога ќе се измисли и се надевам дека ќе биде пронајден“, додаде директорот на СЗО,  Тедрос Адханом Гебрејсус.

Гебрејсус истакна дека веќе има над 100 кандидати за вакцина, од кои еден случај е во напредна фаза на развој.

„Со надеж дека ќе има вакцина, се проценува дека таа би можела да биде достапна во рок од една година. Ако процесот се забрза, може да трае и неколку месеци пократко. Тоа го велат научниците“, кажа челникот на СЗО.

фото: Архива