Коронавирус

Филипче очекува летово намалување на бројот на заразени, но наесен бројот може повторно да се зголеми

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека за време на летниве месеци бројот на заразени со КОВИД 19 да се намали, но предупредува дека потоа ќе следува есента, кога бројот повторно може да се зголеми.

„Пред нас имаме летни месеци. Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти. Ова го кажувам со резерва. Но потоа доаѓаат есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може да биде многу посериозен предизвик за нашиот здравствен систем од сега, рече Филипче.

фото: Архива

На почеток