Македонија

Филипче: Набавивме тестови за брза дијагностика

На вчерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче информираше дека е завршена постапката за набавка и дека се стигнати тестовите за брза дијагностика, кои ќе се користат при приемот на пациенти во клиничките болници.

„Набавивме тестови за т.н. брза дијагностика, тие стигнаа, и ќе бидат распределени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Инфективната клиника и Гинеколошко акушерската клиника. Тој тест е готов за 45 минути. Што значи после тријажата и ваквиот брз тест, веднаш ќе се пристапи кон соодветната интервенција.“ – изјави Филипче.

Во однос на одложените интервенции на хируршките клиники, Филипче информира дека дел од персоналот од овие клиники помагаат и во другите инфективни одделенија, но има и клиники кои функционираат.

„Има добар дел од клиниките коишто  сосем добро ја организираа работата и сега функционираат, како клиниката за хематологија, за гастроентерохепатологија, пулмологија во оној дел за пациенти коишто се ковид негативни и кардиологија, којашто веќе почна да го враќа програмот на откажаните пациенти.“ – изјави Филипче и додаде дека за одложените пациенти, веќе се направени интерни списоци од страна на стручните колегиуми и ќе се викаат пациентите по ред онака како што биле откажувани.

фото:Архива

На почеток