fbpx
чет. Окт 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Филипче: Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови

При вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, на новинарско прашање околу домашното лекување, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека и лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, тоа секако треба да биде под контрола на матичен лекар, но при влошување на состојбата треба навреме и веднаш пациентите да се упатат на болничко лекување.

„Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови под контрола на матични лекари. Но, многу е битно да знаат граѓаните дека и при најмало влошување на состојбата, по препорака на матичен лекар, пациентите треба да се јават во болница. Има болнички капацитети.“ – изјави Фипилче.

Филипче истакна дека огромен дел од смртноста кај заболените пациенти е заради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од смртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница. Заради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување.

„Има многу такви случаи во коишто има влошување на состојбата во домашни услови, има влошување на состојбата и додека се пациентите во болница. Мора да знаат сите дека и најмало влошување треба да се земе крајно сериозно, треба да е сигнал за да се хоспитализира пациентот. “ – изјави Филипче.

фото: Архива