fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВМРО ДПМНЕ: Амнестија на криминалот нема да има, залудно Заев се радува дека со новиот закон нема да се истражуваат неговите криминали

Заев знае само да гази по правото. Заев го интересира криминалот, рекетот и личното богатење, а не почитувањето на закони. Заев и СДСМ се синоним на криминалот. Корупцијата и криминалот им се работи кои ги прават за добро утро. Заев и СДСМ го заробија правосудниот систем, а од ветуваните право и правда нема ништо. Има само извитоперено право и извитоперена правда по теркот на Заев. Тоа не е ниту право, ниту правда, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

За три години СДСМ само газеше по правото, газеше по законите, газеше по Уставот. За три години СДСМ гази по народот.

Заев и СДСМ направија само народот да види што е Луи Вутон обвинителство и трас-трас судство.

ВМРО-ДПМНЕ е различно и тоа ќе го видат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за право и правда, мисли на право и правда засновани на почитување на процедури, закони и Устав.

Заев покажаа единствено дека може повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Заев и СДСМ не знаат за ништо друго. Доцна е Заев и СДСМ да зборуваат за закони и нивно почитување. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.