fbpx
вто. Јун 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Протести пред куќата на најбогатиот човек во светот, активисти поставија гилотина

Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, во Вашингтон, барајќи забрана за корпоративно делување, на местото на протестот донеле и гилотина.

Видеото објавено на „Твитер“ во неделата прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотината – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.

Настанот беше најавен на „Твитер“ во саботата. На постерот се обвинува компанијата „Амазон“ дека ги надгледува вработените со помош на полицијата, поттикнува расистички стравови и уништување на синдикатите.

„Амазон го отпушти и расистички го клевети лидерот на синдикатот, Крис Смолс. Придружете ни се да кажеме дека ни е доста од Безос“, пишува на плакатот.

Фото: Trends Wide