Коронавирус

Денеска 126 нови случаи на ковид 19, оздравени се 48 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3.

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56г). Во ГОБ „8 септември“ почината е  пациентка од Скопје (56г). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71г) и во Прилеп пациент на 83 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 3071, активни 2007
•       Куманово 756, активни 299
•       Дебар 92, активни 40
•       Штип 345, активни 160
•       Прилеп 261, активни 36
•       Тетово 700, активни 384
•       Струга 220, активни 135
•       Велес 185, активни 40
•       Битола 51, активни 17
•       Охрид 167, активни 143
•       Кавадарци 19, активни 13
•       Гостивар 119, активни 63
•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 15, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 69, активни 22
•       Пробиштип 19, активни 11
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 4, активни 2
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 2, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 28, активни 24
•       Кичево 30, активни 25
•       Ресен 103, активни 94
•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0,  Систина  со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 435
•       Аеродром – 160
•       Бутел – 155
•       Гази Баба – 171
•       Центар – 139
•       Карпош – 157
•       Сарај – 153
•       Кисела Вода – 118
•       Ѓорче Петров – 115
•       Студеничани – 101
•       Шуто Оризари – 81
•       Арачиново – 53
•       Илинден – 33
•       Петровец – 19
•       Чучер Сандево – 17
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 2
•       Нераспределен- 84

На почеток