fbpx
сре. Јул 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Вартоломеј: Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет

Враќањето на истанбулската „Аја Софија“ во џамија би предизвикало раздор, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј, пред турскиот суд да донесе одлука за зградата која е музеј од 1934 година.

Турскиот претседател Таип Ердоган предложи Аја Софија повторно да стане џамија. Ова поранешно христијанско место за богослужба се наоѓало во срцето на христијанското византиско и муслиманско Османлиско Царство, а денес е еден од најпосетуваните споменици во земјата.

На 2 јули судот ќе одлучи да се оспори сегашниот статус, со кој се оспорува законитоста да се претвори Аја Софија во музеј во 1934 година во првите години на модерната секуларна турска држава, основана од Мустафа Кемал Ататурк, пренесува „Ројтерс“.

„Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет“, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот.

Промената на статусот ќе ги разбие овие два света во време кога на човештвото му треба единство повеќе од кога и да било заради пандемијата на „Ковид-19“, рече Вартоломеј.

Инаку  и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу на 12 јуни истакна дека статусот на „Аја Софија“, истанбулската црква од 6 век, претворена во џамија и музеј во 30-тите, е прашање на национален суверенитет.

„На крајот, тоа не е меѓународно прашање. Станува збор за национален суверенитет“, изјави Чавушоглу.

„Аја Софија“ е впишана на списокот за светско наследство на УНЕСКО, но строгите толкувачи на исламската вера долго време бараат денешниот музеј повторно да стане џамија.

Во мај во „Аја Софија“ се одржуваа молитви на годишнината од османлиското освојување на тогашниот Цариград во 1453 година, а денес Истанбул.

„Некои кругови надвор од турската нација не може да се помират со тоа на кого му припаѓа ‘Аја Софија’, па дури ни Истанбул, и тоа денес, 567 години по освојувањето“, рече тој.

За многу Турци, сегашниот статус на „Аја Софија“ е симбол на секуларниот устав на земјата. Црквата била изградена од Византијците, а Османлиската Империја ја претворила во џамија за да стане музеј во 1935 година.

Официјална Атина ја осудува употребата на поранешното седиште на Грчката православна црква во религиозни цели.

Чавушоглу ги отфрла лекциите од Грција и предупредува дека Атина денес е единствената престолнина во Европа без џамија.

фото: Архива