Македонија

После Ременски, и Боки 13 побарал изземање на Рускоска од „Меѓународен сојуз“

Оложено Судењето за „Меѓународен сојуз“ откако на барањето на Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска се приклучи и Бојан Јовановски. Боки 13 побарал изземање, велејќи дека Рускоска извршила тортура врз него со нејзиното однесување.

„Јас имам сериозни аргументи коишто ќе одат во контект на докажување дека ниту едно дејствие не е кривично дело коешто ниту е објаснето ниту е посочено од самата застапничка на обвинението, тоа е дополнителен аргумент, зошто се бара изземање на јавниот обвинител, бидејќи се сомневаме  за една сериозна селективност и тенденциозност“, рече Фросина Ташевска Ременски, пратеничка.

На барањето на Ременски се придружи и Боки 13.

„Никогаш пристрасно не сум се однесувала кон ниту еден предмет, а сум ги сработила можеби повеќе од илјада. Нема никогаш да си  дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет“, е одговорот на  Русковска, по барањата за нејзино изземање.

Судењето е одложено за 21 јули.

На почеток