Македонија

(ВИДЕО) Продолжува намалувањето на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан денеска одбележуваат една година од стапувањето на сила на договорот за намалување на цените во роаминг. Нашите граѓани изминатата година зборуваа, користеа интернет и праќаа СМС пораки за цени пониски и до 99%.

Конкретно, 5,04 денари за појдовни повици, 2,9 денари за дојдовни повици, СМС пораки се праќаат за 2,63 денари по порака, а цената на МБ интернет е 1,9 денари.

Од денеска, дополнително се намалува цената за дојдовни повици и таа сега изнесува 1,5 денари.

Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија.

На денешниот состанок на министерите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската Комисија, беше заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.

На почеток