Актуелно

Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари

Игор Јанушев, носителот на листа на изборна единица 3 и Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на општина Делчево каде што ја посети текстилната фабрика Витекс во Делчево.

Јанушев посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на животниот стандард на граѓаните, повисока стапка на економски раст, креирање на нови високо платени работни места, зголемување на платите и стандардот на работниците, пораст на домашните и странски инвестиции, но и зголемување на извозот.

Јанушев вели дека со проектот Обнова на Македонија се обврзуваат на системска, аналитичка, институционална, финансиска и логистичка и друг тип на државна поддршка за македонските извозни компании и нивна промоција за настап на странски пазари, како и формирање на таканаречени извозни промотори за поддршка на извозот на домашните компании и производи на нови пазара низ светот.

Ја посетивме текстилната фабрика „Витекс“ во Делчево. Текстилната индустрија е водечка во овој регион. Затоа во програмата се обврзавме на реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на оваа гранка, кои ќе потпомогнат во модернизација и подобрување на извозните перформанси, вели Јанушев.

To Top