Свет

Рација во 15 италијански региони поради снимање и дистрибуција на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња.

Сликите направени за време на злоупотребата биле испраќани преку сервис за размена на пораки, чие име не се споменува од стана на полицијата.

Полицијата соопшти дека е откриена огромна количина порнографски материјал со застрашувачки приказ на сексуално насилство во кој меѓу жртвите се и новороденчиња.

Италијанската полицијата ја спровела акцијата со помош на канадскиот Координативен центар против експлоатација на деца.

На почеток