Македонија

Денеска и утре дожд и грмежи од среда сонце

Денеска ќе преовладува променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме. УВ=7

И утре според најавата на управата за хидрометеоролошки работи ќе преовладува променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој со помал интензитет ќе се задржи и преку ноќта. УВ=7

Стабилизација на времето се очекува од среда.

 

На почеток