fbpx
вто. Јул 28th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Се огласи поранешниот шеф на МИ6: Коронавирусот потекнува од лабораторија, резултат е на експеримент

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба „МИ6“, Ричард Дирлав изјави дека би сакал отворена дебата околу тоа од каде потекнува коронавирусот.

Дирлав предупреди дека не треба да биде отфрлена идејата дека вирусот потекнува од лабораторија. Според него, Ковид-19 е конструиран и случајно побегнал од лабораторија во кинескиот град Вухан каде што беа регистрирани првите случаи.

Неговото мислење е во спротивност со ставот на научниците дека “SARS-CoV-2” не е создаден од човекот.

„Поддржувач сум на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот за вирологија во Вухан. Не велам ништо друго, освен тоа дека станува збор за последица на несреќа и дека вирусот е резултат на експерименти кои се вршени во Вухан“, изјави Дирлав.