fbpx
сре. Јул 29th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Филипче: За првпат преку IPA 3 инструментот ќе инвестираме во одделенијата за интензивна нега ширум земјата

На вчерашната средба во Охрид со специјализантите и младите лекари, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ги истакна и можностите кои се нудат на јавното здравство преку усогласувањето со законодавството на Европската Унија, како и новите можности кои ги нудат програмите. Во таа насока тој истакна дека преку IPA 3 инструментот за првпат се дедицирани средства за унапредување на здравствениот систем во нашата земја, наменети за инвестиции пред сè во луѓето и во опремувањето и унапредувањето на одделенијата за интензивна нега ширум земјата.

„Усогласувањето со законодавството на ЕУ и за нас отвора нови врати. За првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем. Направивме предлог проекти кои сегменти сакаме да ги зајакнеме. Правилно сме процениле дека најмногу треба да се инвестира во луѓето. Кризата со коронавирусот потврди дека вистинската инвестиција во здравството е прво во луѓето, потоа опремата, за што разговаравме и со ЕУ, и утврдивме дека е најважно да се зајакнат најбитните сегменти во секоја установа – а тоа се одделенијата за интензивна нега.“ – истакна Филипче.

Филипче разговараше со младите лекари и специјализанти за важноста на одделенијата за интензивна нега, како во однос на опременоста со современи апарати и целосна инфраструктура, така и со силни и обучени тимови на медицински персонал кои ќе им пружаат соодветна нега и третман на најкритичните пациенти.

„Каква е интензивната нега, какви доктори работат таму – тоа е лицето на една здравствена установа. Важно е каква опрема има, каков медицински кадар, лекари и сестри, колку се обучени, каква услуга даваат – тоа е вистинското лице на здравствениот систем и затоа со помош од ЕУ ќе продолжиме и да го зајакнуваме тој сегмент.“ – изјави Филипче и додаде дека е од исклучителна важност да се зајакнат и унапредат одделенијата за интензивна нега во сите поголеми јавни здравствени установи во земјата, како дел или одделно од инфективните одделенија.