Свет

Во Кина регистриран прв случај на бубонска чума

Потврдено е дека еден овчар во Внатрешна Монголија е заразен со бубонската чума, соопштија кинеските здравствени работници, потсетник дека дури и додека светот се бори со пандемија предизвикана од нов вирус, остануваат старите закани, вели Њујорк тајмс.

Здравствената комисија на градот Бајанур соопшти дека чумата била дијагностицирана кај овчарот во неделата и дека тој е во стабилна состојба на лекување во болница.

Комисијата, исто така, издаде тревога од трево ниво, второ најниско ниво во системот од четири нивоа, предупредувајќи ги луѓето да не ловат, да не јадат и да не транспортираат потенцијално заразени животни, особено мрмоти, и да пријавуваат мртви или заболени глодачи.

Градската влада соопшти дека ги вовела мерките за спречување чума, кои ќе останат во сила до крајот на годината.

Болеста, која ја предизвика пандемијата црна смрт во средниот век, една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, во која починаа 75 до 200 милиони луѓе, е предизвикана од бактеријата Yersinia pestis и се пренесува со болви што се заразуваат од глодачи. Во Внатрешна Монголија, домаќинот често се мрмотите што живеат во рурални области.

 

На почеток