Македонија

Тачи: Нема Влада без Албанците, војна може да има

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека може да има војна ако има Влада без Албанци.

„Нема Влада без Албанците, војна може да има“, истакна тој.

Тој за него лично рече дека се кандидира за да биде вицепремиер во Владата, а за кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, пак, порача дека е политички мртов.

„Вие сте го слушнале Насер Зибери кој вели дека ќе го гласаат Албанците, Македонците, и тоа е невозможно и ова кандидатура има еден недостаток – каде е името на Насер Зибери за гласање, тие кои сакаат да гласат за Зибери немаат каде да гласаат бидејќи неговото име не е никаде“, истакна Тачи.

На почеток