fbpx
пет. Дек 4th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Пациентот на кого му беше трансплантирано срце си оди од болница

Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во својата објава додава:

-Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!

Geplaatst door Венко Филипче op Zaterdag 11 juli 2020