fbpx
пон. Авг 3rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Во министерството на Дураки, 1.517 вработени не знаат каде одат наработа, немаат ни простории

Најновото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, формирано лани во јуни, има 1.517 вработени кои не одат на работа ниту пак имаат простории. На чело на ова министерство е ексминистерот за животна средина Садула Дураки, кој досега нема никаква активност, ниту пак се појавил во јавност, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Собранието по предлог на Владата го изгласа на 27 март 2019, а официјално почна со работа во јуни. Претходно беше Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор на чело со вицепремиерот Хазби Лика.  Новото министерство нема своја веб страна, ниту некаде може да се добијат информации за контакт и во кои простории се сместени министерот Дураки и 1.517 вработени.

Годишно за работата на ова Министерство од буџетот на државата се трошат по 9,5 милиони евра.

Со 1.517 вработени, ова Министерство е едно од најголемите. Повеќе вработени од него имаат само Министерството за внатрешни работи со полицијата (12.000) и Министерството за одбрана со армијата (7.800).

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.