fbpx
пон. Јул 27th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка на коалицијата „Можеме“

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка на коалицијата „Можеме“ и генералниот секретар Љупчо Балкоски кој е кандидат за пратеник во изборната единица број 3.

Клучните елементи со кои идното парламентарно мнозинство ќе атакува кон реализирање на подобрите економски, демократски но и европски интегративни процеси ќе бидат токму во рацете на пратениците од коалицијата „Можеме“ во која свое учество има и ВМРО-Народна партија, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Полноправното членство во НАТО но и претстојното отпочнување на преговорите со ЕУ се доволен доказ дека Македонија е на правиот пат па сходно на тоа ВМРО-Народна партија го повикува своето членство, симпатизерите и пријателите со заокружување под реден број 3, да се вклучат во напорите Македонија да биде поперспективна, побогата и целосно интегрирана во Европското семејство, велат од ВМРО НП.