Македонија

(ВИДЕО) Кекеновски поднесе кривична пријава против претседателот и членовите на ДИК

„Согласно законот за кривична постапка поднесов кривична пријава против Оливер Дерковски како претседател на ДИК и против сите членови на Државната изборна комисија, поради основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела согласно изборниот законик, за повреда и злоупотреба на избирачкото право, повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама“, истакна Професор д-р Јове Кекеноски, претседател на Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ) и дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.

Кекеновски објаснува дека коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ е коалиција составена од повеќе политички субјекти и со овој назив е прифатена и листата на кандидати во сите шест изборни единици, но и како таква е прифатена од страна на Државната изборна комисија.

„На 65 тата седница на ДИК со одлука на комисијата е прифатено на овие избори да настапи коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, по што извршено е жребање на кое што јасно може да се види дека станува за Коалиција „Никогаш северна, само Македонија“ која настапува под бр 11 на гласачкото ливче.  Но за жал и на општо изненадување на сите гласачи, симпатизери и јавноста, на гласачкото ливче воопшто го нема името на коалицијата  „Никогаш северна, само Македонија“, која под тоа име го поднесла, под тоа име го примиле и под тоа име е преифатен настапот на оваа коалиција на изборите.

Со ова сметаме дека е направена класична злоупотреба на службената позиција, односно можеме да кажеме дека сторителите на овие дела направиле свесна измама на избирачите и истите се доведени во заблуда и се оневозможени да го остварат своето право на глас за коалицијата.

Целокупната кампања на оваа коалиција е водена под ова име, граѓаните веќе го препознаваат ова име и кога го барале на гласачкото ливче се фрапирани затоа што името на коалицијата го нема.

Ние по пресудата ќе поведеме и постапка за надомест за материјална, и нематеријална штета“, истакна Кекеновски.

На почеток