Македонија

ОЈО Скопје: Нема основа за постапување по известувањето на Чулев за ОТА и АНБ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи, кое се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и на кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик.

Писменото известување се однесуваше на тоа дека има определени недоследности во функционирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Надлежниот јавен обвинител направи проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде беа доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето.

Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување.​

На почеток