Македонија

Заев ќе формира Влада по Илинден, во игра пратеници од помалите партии, каде ќе биде ДУИ?

Додека високи функционери на ДУИ не се симнуваат од ТВ екраните и даваат изјави за домашни и странски медиуми дека патот за формирање на новата влада води преку Мала Речица, тајно се подготвува новото парламентарно мнозинство. Извори во Коалицијата „Можеме“ за Слободен печат велат дека тие ќе формираат нова Влада која ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Слободен Печат вели дека како што одбивањето на Албанец премиер им носеше на ДУИ гласови додека траеше кампањата, така сега нивното инсистирање на Албанец премиер може да ги изолира на политичката сцена.

– Оттаму главната стратегија на ДУИ во овој период е да ги обедини сите албански партии околу нивната идеја бидејќи така, таа сака да направи што е можно повеќе несогласувања помеѓу сите други партии за таа да остане единствен коалициски избор. Во таа комбинација најлесно им е да почнат со Села бидејќи Беса е помала и е во коалиција со СДСМ, а ДПА на Тачи има само еден пратеник. Така што логичен избор им е таа платформа прво да ја синхронизираат со Села, вели Арсовски.

Од Алијансата за Албанците вчера истакнаа дека невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на исто место.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во интервју за А1 он истакна дека процесот на преговори за формирање нов состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници.

– СДСМ е голема, широкограда и отворена партија и ќе разговараме за коалирање со сите партии што се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот концепт и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО. Структурите што заговараат идеи поинакви од демократскиот и европскиот концепт не припаѓаат во идната владејачка коалиција водена од СДСМ бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални – рече Заев.

Текстот во целост на: Слободен печат

To Top