Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и СДСМ се кластерот кој преку поткупот го причини новиот бран што трае од крајот на мај

Бројот на заразени граѓани од Ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата.

Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа.

Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето.

Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата.

СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски.

Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

To Top