Македонија

Левица поднесе 102 тужби до Управниот суд

Политичката партија Левица денеска во Управниот суд поднесе 102 тужби за заштита на избирачкото прво на подносителите на листите.

Управниот суд за денеска има закажано повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едната тужба поднесена од Интегра. Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

 

To Top