Македонија

Управниот суд досега не прифати ниту една од тужбите поднесени од политичките партии

Управниот суд не прифати ниту една од тужбите поднесени од политичките партии во врска со изборниот процес.

Негативни одлуки од денешните седници добија Левица, СДУ, Демократи и МОРО – Работничка партија.

Утре судиите ќе ги разгледуваат двете поднесени тужби од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”.

Претходно Управниот суд одби една тужба од партијата Интегра, 75 од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои нездоволни од овие одлуки најавија протест.

На почеток