fbpx
вто. Авг 11th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Нова песна на БДМ и најава за нов албум

Новата, петта по ред песна на македонското продуцентско трио БДМ, зад кое се кријат Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов, е насловена Sunlight. Ова е нивна втора соработка со Алекс Ви, со кого пред една година го снимија хитот Run n’ Hide.

Новата песна на БДМ е со електронски тропикал-амбиентален звук. Како и претходните песни, испеана е на англиски јазик, а е во издание на „Парагон Рекорд Лејбел“. Музиката и аранжманот ги направи БДМ, а текстот го сработија заедно со Алекс Ви. Мартин Петровски го сними спотот за песната.

„Кога со Алекс Ви работевме на претходниот проект, Run n’ Hide, од самиот процес на креирање произлегоа и многу други идеи за кои сметавме дека можат да прераснат во понатамошни проекти. Една од нив е токму Sunlight,“ велат момците од БДМ.

Овој проект се разликува од претходните, бидејќи е работен во периодот кога се воведоа рестриктивните мерки за спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, па затоа момците песната ја работеа на далечина.

„Водејќи се од здравствените препораки што беа пропишани од надлежните, се договоривме овојпат да пробаме буквално сè да направиме онлајн и без каков било физички контакт. Домашните простории сите ги прилагодивме во работни простории и студија, и ги користевме сите можни апликации за комуникација. Притоа успеавме да добиеме резултат од којшто сме навистина задоволни,“ додаваат тие.

Песната ќе се најде на албумот State of Mind на кој БДМ работат во моментов.