Македонија

Охридско лето најавува безбедни мерки за реализација на фестивалот

Фестивалот „Охридско лето“ како најголема манифестација под капата на Министерството за култура а под покровителство на Претседателот на Р. Северна Македонија, годинава слави 60 години од своето постоење. И во ова јубилејно издание ви најавуваме квалитетна, уникатна, атрактивна и возбудливата програма. Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните, велат од фестивалот.

Како Национална установа која во своето долгогодишно работење секогаш се води од начелата за грижа на уметниците и публиката Ве уверуваме дека се преземени сите безбедносни мерки за здраствена заштита. Реализација на ова јубилејно издание ќе се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19. Како организатори на оваа врвна манифестација навремено подготвивме протокол според кој строго се утврдени правилата за заштита претходно дадени од Комисијата за заразни болести. Имено превземени ќе бидат следниве мерки:

задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20);
задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.

задолжително мерење на температура на влез за секој посетител.

зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите.

Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката.
Персонализирање на продадените билети, т.е. регистрација на сите посетители при купување на билет (име и презиме и некоја друга соодветна идентификација).

Исто така безбедносни мерки ќе бидат превземени и за заштита на уметниците кои годинава ќе се запишат во елитниот уметнички свет и ќе направат едно возвишено и успешно издание на фестивалот кој нуди совршенство на класичната музика и театарот.

Во рамките на утврдените протоколи за уметниците ќе се почитуваат и мерките за заштита од времето на нивното доаѓање па се до нивното заминување. Тоа подразбира дека ќе се почитуваат препораките како за нивниот престој така и за нивниот настап, обезбедување на слободен влез на сцена и излез, одржување на безбедно растојание со организаторите и публиката, целосна дезинфекција на сцената пред и после настан, обезбедување редарска служба за нивно непречено движење….

Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, а со цел беспрекорна заштита оваа година Охридско лето настаните ги реализира на отворен простор. Свеченото отворање е на Античкиот театар каде од вкупниот капацитет од 1700 места ќе се намали на 400 односно гостите ќе бидат распоредени на 2 метри растојание на секој втор ред од гледалиштето.
Фестивалот Охридско лето ги почитува препораките за спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19 и во делот на продажбата. За секоја изведба ќе се води евиденција на присутните, затоа при купување на влезниците ќе се побара да го остави име, презиме и контакт број. Билетарницата има поставено заштитна преграда помеѓу билетопродавачот и посетителот, обезбедено средства за дезинфекција за раце и ознаки поставени на два метри растојание пред секоја каса за наплата, за безбедна, безконтактна продажба.

Исто така и реализацијата на прес-конференциите во текот на фестивалските денови ќе биде според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19. Протоколот предвидува строго утврдени мерки за заштита:

Одржување на прес-конференции на отворен простор
Задолжително носење маска

Задолжително одржување на физичко растојание од два метри

Задолжителна дезинфекција на раце пред влез на просторот каде се одржува пресот
Пред новиот здраствен предизвик Ве уверуваме дека одговорно ќе покажеме свесност, совесност и одговорност затоа што секој живот вреди. Како Фестивал со големи вредности на светската културна сцена, посакуваме заедно да допринесеме фестивалот да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал, велат од фестивалот.

На почеток