fbpx
сре. Авг 5th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Спасена француска туристка на една од најозлогласените плажи во Грција

На озлогласената плажа Шејтан Лимани (Пристаниште на ѓаволот) на подрачјето на Ханија на Крит била спроведена операција за спасување на француска туристка.

Французинката паднала на остри карпи за време на стрмното спуштање на плажата, а на службите за спасување им биле потребни неколку часа за да стигнат до оддалечената област и да ја спасат.

Од морето и од копното пристигнал спасувачки тим од пет лица, бидејќи пристапот до повредената туристка бил многу недостапен.

За среќа, жената се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница.