fbpx
вто. Авг 4th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Од утре во Грција задолжително носење маски во затворен простор

Во Грција од утре ќе биде задолжително да се носи маска во затворен простор на голем број јавни места со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас.

Пред десетина дена здравствените власти објавија дека маските се задолжителни во супермаркетите и во јавниот превоз.

Новите мерки ќе стапат на сила утре и ќе биде неопходно да се носи маска во продавниците, канцелариите, банките и пекарниците. Засега, црквите се исклучени.