Скопје

Скопјани за Универзална сала ќе бидат консултирани на референдум

Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави на денешниот брифинг градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Постојат три опции кои можат да се случат на Универзалната сала: уривање на салата и изградба на нов објект на постојната локација, уривање на салата со дислокација и заштита на просторот со конкурсот кој што е во тек, и третата е реставрација на постојниот објект и изградба на нов културен објект на друга локација која што ќе биде дополнително определена. Заедничкото решение можно е да се бара и на референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните, доколку стручната јавност не успее да најде решение“, рече Шилегов.

Според него, следен чекор на Град Скопје ќе бидат посебни конкурси за реставрација и за парк.

– Конкурсните решенија треба да бидат предмет на расправа – истакна Шилегов, кој додаде дека сите опции ќе бидат разработени пред да биде распишан референдум.

 

На почеток