Македонија

Демократи бараат итно да се СТОПИРА одлуката за покачување на струјата, но и да се преиспита работењето на ЕЛЕМ, МЕПСО, РЕК-Битола

Поскапување на струјата од први август за 7.4 проценти, а гласачите повторно излажени од партиите за кои гласаа. Цената на Електричната енергија за сите потрошувачи се зголемува за 7.4 проценти од први август од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), се вели во соопштението од Демократи.  Тие додаваат:

ДЕМОКРАТИ се чудат како можат луѓето од РКЕ да донесат одлука за покачување на електричната енергија во време на историска катастрофална здравствена и економска криза.

Како ДЕМОКРАТИ се прашуваме колку можат да бидат луѓето нестручни и нехумани кои ја водат Регулаторната.

ДЕМОКРАТИ предлагаат итно да се СТОПИРА одлуката за покачување на електричната енергија од први август за 7.4 проценти во време на најголема здравствена и економска криза, криза која креира невидена невработеност и сиромаштија.

Исто така да се преиспита финансиското работењето на ЕЛЕМ, МЕПСО, РЕК-Битола и на другите производители на електрична енергија.

На место да се намалат трошоците за оперативното работење и бројот на вработените во овие државни фирми, властите ги ОКУПИРАА и си вработуваат нивни политички послушници и полтрони, а никој не знае колку пари се украдени од овие фирмите во последните триесет години на штета на граѓаните и државата.

ДОСТА Е!!!

ДЕМОКРАТИ за функционална држава. се вели во соопштението од демократи.
На почеток