Македонија

Минималната плата од јули е зголемена на 14.934 денари

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека минималната плата е зголемена и од јули и изнесува 14.934 денари. Во неа не се вклучени, туку дополнително се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата.

„Важно е денеска, на последниот ден од месец јули, да ги потсетиме работодавачите дека треба да ги  пресметуваат платите по новата утврдена минимална плата. Не смееме да дозволиме повторно да нè изиграат како со субвенциите за платите“, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Синдикатот нагласуваат дека праксата од страна на несовесните работодавачи да ги вклучуваат во минималната плата надоместоците и додатоците мора веднаш да запре.

Од таму посочуваат дека зголемувањето на минималната плата треба да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.

Минималната плата пред јули беше 14.500 денари.

На почеток