fbpx
саб. Авг 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Тетовец раскажува како првпат во животот легнал во болнички кревет поради корона вирусот

Педесет и седумгодишниот Сашо Серафимовски од Тетово првпат во животот годинава морал да помине две недели во болнички кревет поради коронавирусот. Тој целиот живот се занимавал со скијање и досега немал никаков здравствен проблем. Во својата битка со КОВИД-19 тој раскажува дека згрешил што првите неколку дена ги игнорирал симптомите, па потоа тоа го „чинело” две недели болничко лекување на КОВИД-19, објави slobodenpecat.mk. 

– Беше недела, 28 јуни, цел ден работев дома, па вечерта имав 38 степени температура. Викам, ме „фатила” сончаница поради жешкото време и не обрнав мниогу внимание. Утредента, во понеделникот, преку ден немав некоја тешкотија, ама околу 18 часот имав пак температура 38,5, па се одлучив да земам парацетамол и ефедрол, затоа што ме болеше и глава. Во вторникот повторно температура, но веќе решив да се тестирам за коронавирус. Брис ми зедоа уште утредента, во средата. Во четвртокот ми беше најлошо, затоа што ми се појави стегање во градите, кашлање и слично. Зедов парацетамол, ефедрол и сумамед, објаснува Сашо за првите денови од битката со КОВИД-19.

Следувала најлошата информација од рендген што покажал бронхопневмонија, па дефинитивно, според лекарите, морало да има болничко лекување. Бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Таму увидел дека секој организам различно се бори со коронавирусот.

–Во болницата увидов дека секој организам различно се бори и тоа е најголемата битка за секој поединец. Кај мене тоа беше интензивно кашлање, едвај дишев, не може да се опише, не дај боже некој да доживее. Првите два дена немав потреба од кислород. Сатурацијата во крвта ми беше 94-97, сè што е над 93 е добро. Но третиот ден сатурацијата ми падна на 85 и итно реакцијата на докторите беше да ми дадат кислодорна поддршка, со тоа што по потреба ја користев, некои ја користеја цело време многу, така што помина период 3-4 дена. Дури по првите седум дена во болница ми беше подобро, откако добив кислород, антибиотици и витамини, раскажува Сашо.

Сашо е воодушевен од третманот на лекарите, медицинските сестри и болничари во скопската болница. Тој смета дека кај него дел од надминувањето на оваа болест е огромното залагање на лекарите и медицинскиот персонал во Градската општа болница „8 Септември”.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.