fbpx
пон. Авг 10th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Георгиески: Одбележувајќи ги двата Илиндена1903 и 1944, ние славиме за поставување на темелите на македонската државност

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески  на  сите  oхриѓани  и останати граѓани на  Република Северна Македонија им го честита   2-ри август, Денот на Републиката.

– Одбележувајќи  ги двата Илиндена  1903 и   1944, ние   славиме за поставување на темелите на македонската државност. Денес се потсетуваме на херојските дела на сите илинденци и борци  кои  со  своите животи ја   испишаа  македонската историја ,а нивните идеали за слобода и независност станаа наша реалност .

Многу години по Илинденското востание и Првото Заседание на АСНОМ  чекорејќи по стапките и водејќи се  според идеалите на нашите херои , обединети и сложни  продолжуваме  посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество. Рамо до рамо со модерните демократски држави сме дел од НАТО и смело чекориме кон рамноправно членство во Европската Унија. Продолжуваме посветено и одговорно да ја надградуваме и развиваме нашата татковина во сите сегменти од општественото живеење со цел да обезбедиме подобра иднина за сите нас и нашите поколенија . Нека ни е честит и вековит 2- ри август, Денот на Републиката.