Македонија

Филипче: Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.

-Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!, напиша Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2453782368262115/?type=3&theater

На почеток