Македонија

Талат Џафери ја напушти инфективната клиника – утре ќе претседава со конститутивната седница

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница.

Џафери денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести, каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ изјави Џафери.

Инаку, седницата е најавена за утре напладне да се одржи во големата сала со купола, каде може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.

 

На почеток