Актуелно

Градоначалникот Георгиески, денес оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски, кој е член на атлетичарскиот клуб Охрид.

На средбата беше разговарано за постигнатите резултати, како и тековните подготовки на Јован за претстојните натпреварувања. Градоначалникот изрази благодарност за промоцијата на Охрид, што Јован ја прави со своите резултати на меѓународните натпреварувања и даде ветување дека Локалната самоуправа ќе даде финансиска и логистичка поддршка, кои се од големо значење за учество на Европското и Светското првенство.

Јован Стојоски е актуелен државен првак на 100,200 и 400 метри и воедно е и олимписка надеж. Тој е носител на четири државни рекорди на 200 и 400 метри во сала и на отворено, а на последното Европско првенство го освои шестото место на 400 метри.

На почеток