Македонија

Пронајдено е телото на 16-годишното момче кое се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче кое се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека телото е извлечено и е предадено на обдукција. Првичните информации беа дека детето се удавило откако се превртела педалинката на која било удавеното момче со двајца другари.

„ Околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, велат од МВР.

По момчето, освен припадници на МВР, трагаа и нуркачи од Охрид, а се вклучија и локални жители.

На почеток