Македонија

Мицкоски: Со повисоката цена на струјата приватна компанија ќе се обогатува, а граѓаните ќе осиромашуваат, власта прави грабеж

Покачувањето на цената на електричната енергија е нешто што оваа влада не го вети, но го реализираше.  Покачување на цената во услови кога имаме тешка економска и здравствена криза преставува сериозен удар врз стандардот на државата и практично е грабеж на граѓаните, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде:

Ваквиот чекор кој бил очигледно претходно планиран да се случи веднаш по изборите преставува измама на владата кон граѓаните. Имаме стотици илјади граѓани кои живеат во сиромаштија. Сега тие се втурнати во уште поголема сиромаштија.

И во кратки црти, покачувањето на цената на електричаната енергија е чекор со кој се овозможува екстра профит на приватна компанија за сметка на тонењето на државна компанија чии загуби се плаќаат од џебот на граѓаните.

Нема друга држава во Европа која среде Ковид пандемија покачува цена на електрична енергија, напротив имаме бројни случаи низ Европа каде што владите одлучуваат да субвенционираат комунални трошоци, но истовремено да ги субвенционираат и трошоците кои што граѓаните ги плаќаат за потрошената електрична енергија.

И тука сакам да бидам јасен, владата предводена од Спасовски и Заев нека не ја префрла вината за сето ова на Регулаторната комисија, нека не создава димни завеси и измислува изговори со напади кон опозицијата. Ова не е политика, туку директен удар врз џебот граѓаните и стандардот на граѓаните. Власта е виновна за ваквото покачување. Не може до вчера да се фалат со воведување на евтина тарифа на електричната енергија која сега со новото покачување се анулира, а да се прават дека ништо не знаат за ова покачување на цената на електричната енергија.

Неиздржани се оние споредби со цената на електричната енергија со други држави кога се прави ваква споредба, треба да се спореди со просечната месечна плата. Доколку се направи ваква споредба ќе излезе дека практично граѓаните во Македонија плаќаат најскапа во Европа цена за потрошената електрична енергија.

Во продолжение на денешната прес конференција би сакал накратко да објаснам како се  формира цената за електричната енергија за домаќинствата, но и онаа индустрија и она мало стопанство кое што е на регулираниот  пазар и се уште не е излезено на слободниот пазар.

На слајдот можете да забележите дека цената на електричната енергија за домаќинствата практично е збир од неколку компоненти. Првата е цената на електричната енергија и маржата која што се плаќа на операторот на електропреносниот систем, односно АД МЕПСО кој е во државна сопственост. Понатаму го имаме националниот оператор на пазарот или МЕМО ДООЕЛ СКОПЈЕ кој што исто така е во државна сопственост, потоа го имаме дистрибутерот односно ЕКЕТРОДИСТРИБУЦИЈА, тоа е дистрибутивната тарифа и конечно на крај го имаме универзалниот снабдувач кој е ЕВН ХОМЕ кој практични ги дистрибуира сметките за потрошената електрична енергија до граѓаните. Но за да ја набави таа електрична енергија дистрибутерот односно универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ истата таа енергија треба да ја купи преку годишен тендер кој што го објавува согласно новиот закон за енергетика.

Цената на електричната енергија конечна која што ја купува овој универзален снабдувач ја формира како збир и просечна аритметичка средина од електричната енергија купена од поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ плус цената која што ја плаќа за електричната енергија добиена од овластените производители на електрична енергија.

Тарифата за пренос која што граѓаните преку сметката за електрична енергија ја плаќаат до АД МЕПСО, согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика е зголемена за 11, 13% и таа изнесува 0,1952 денари по киловат час. Тарифата за организирање и управување на пазарот која што граѓаните преку сметката за потрошената електрична енергија ја плаќаат на државната МЕМО е зголемена за цели 63, 93% речиси 64% и изнесува 0,0081 денар по киловат час.

Тарифата за електродистрибуција практично тоа е цената која што граѓаните преку сметката за потрошената енергија ја плаќаат на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА АД СКОПЈЕ е зголемена за 2,87 денари и тоа е поранешно ЕВН Македонија, приватна компанија.

На сето ова се додава практично цената која што универзалниот снабдувач ја купува од поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и  цената на електрична енергија којашто ја добиваат од повластените производители на електрична енергија и таа е просечно 2,53 денари/KWH. Сето ова се собира и се множи по историски високата маржа на универзалниот снабдувач која што за волја на вистината е дефинирана на тендер, на истиот на кој учествуваше покрај универзалниот снабдувач и државната ЕЛЕМ пред неколку години, и таа е фантастични 11,5 % па овој збир се коригира со тие 11,5 % и на тој начин ја добиваме конечната цена која што за електричната енергија ја плаќаат граѓаните во своите сметки. Значи тоа се цели 4,7 денари/KWH или таа е зголемена за 7,4 % споредбено  со она што беше пред покачувањето.

На третиот слајд е прикажано од Законот за енергетика каде што се дефинира обврската на производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет да понуди поголеми количини на електрична енергија до снабдувачот којшто ги снабдува граѓаните со електрична енергија. И ќе се забележи дека во 2020 година во случајов поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ има обврска да снабди најмалку 75 % од потребите на универзалниот снабдувач, во нашиот случај тој испорачува цели 100%.

Зошто тоа се случува? Се наметнуваат три прашања коишто се суштински, а за тие три прашања на денешната прес конференција ќе дадеме и одговори.

Имено најпрвин е многу важно да се даде одговор на прашњето зошто АД ЕЛЕМ/ЕСМ снабдува 100%, а не 75% , затоа што според законската одредба е дефинирано дека тој може да снабдува најмалку 75% од потребите на универзалниот снабдувач, а останатите 15% да ги продаде на слободен пазар по пазарна цена којашто е многу повисока од оваа којашто му ја дефинира сопственикот, а тоа е Владата за да го снабдува универзалниот снабдувач. И на тој начин ќе апсорбира дел од загубите, ќе го зголеми својот профит и нема да бара повисока цена пред граѓаните.

Второ  суштинско прашање е зошто се толерира толку висока маржа за универзалниот снабдувач, па макар и таа да била постигната на тендер пред неколку години, за којшто постоеше осоновано сомневање дека има по некакви политички замешувања, од 11,5 %  рекордни во Европа, кои во минатото не постоеја. На сметка на тоа се депресира цената на електричната енергија кое што поранешно ЕЛЕМ/ЕСМ го испорачува до овој универзален снабдувач. А таа цена би сакал да ги информирам граѓаните е цели 36,3 евра по мегават час и тоа за периодот од 1 август 2020 година заклучно со 30 јуни 2020 година

За истиот овој период на регионалната берза за електрична енергија Купекс во Унгарија која што е репер за одредување на цената на електричната енергија се продава електричната енергија по цена од 44,13 евра за мегават час или тоа е за 7,78 евра по мегават час поголема цена од онаа која што свесно депресирана се продава на универзалниот снабдувач во случајов ЕВН ХОМЕ.  Или тоа е за цели 0,48 денари по киловат час повисока цена која што би можел АД ЕЛЕМ да ја продаде на сметка на високата маржа која што во овој момент од 11,5% е доделена на универзалниот снабдувач. Тоа би значело  дека АД ЕЛЕМ во тој случај, ќе има дополнителни приходи од 1.644.310. 930 денари со што ќе побара намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата, но и оној дел од индустријата и стопанството кој е на регулираниот пазар, а не на отворен пазар, а тоа е нешто над  26 милиони евра односно приближно 27 милиони евра.

Имајќи предвид дека количината на електричната енергија која што ја купува универзалниот снабдувач , а знаете дека потрошувачката преку дене  многу поголема отколку навечер, што значи дека и самиот производ е сои поскапа цена, тогаш доаѓаме до конечниот заклучок декана сметка на високата маржа на универзалниот снабдувач, а тоа можете да го видите од билансот за успех на таа компанија за 2019 година директно поранешно АД ЕЛЕМ, а денешно АД ЕСМ е оштетено за околу триесетина милиони евра. Имајќи предвид дека тоа е компанија во државна сопственост на тој начин директно граѓаните се оштетени за сума од триесетина милиони евра, а загубите кои што поради високата маржа на универзалниот снабдувач ќе ги покриваат граѓаните во сметката ќе бидат испорачани со 7,4% повисоки сметки споредено со тоа што беше  минатата година.

Постојат три одговори на овие три клучни прашања кои што се суштински за да се разбере зошто цената на електричната енергија е покачена за 7,4%. Првото е високата маржа на универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата која што е во државна сопственост и индиректно ги оштетува граѓаните. Втората е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите кои што се во државна сопственост како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ сегашно ЕСМ беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор по 26.000 денари по вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка за 7,4% нешто што за што предупредував пред неколку месеци, би рекол пред една година, за што бев жестоко нападнат, што очекувам дека ќе се случи и после денешната прес конференција. Но повторно ќе кажам, за сите овие недомаќински политики, за сите овие погрешни политики на досегашното владејачко мнозинство во владата на Република Македонија ние плаќаме повисока сметка и споредено со просечната плата, највисока во Европа. Но тој тренд нема да продолжи и истото ќе ни се случи догодина доколку продолжи во континуитет ова недомаќинско и антиреформско работење во енергетскиот сектор еден од клучните сектори во функционирањето на државата.

Тука отприлика би го сумирал сето она кое што сакам денеска да го кажам а е поврзано со зголемувањето на цената на електричната енергија. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во периодот кој што ќе следи ќе се бори институционално, но и вонинституционално против овие погрешни политики кои што се дел од досегашното работење на ова владејачко мнозинство, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На почеток