Македонија

Алсат: Заев на средба со Села

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села имаат средба во Собранието, дознава ТВ Алсат од свои извори.

Од партиите нема ниту потврда, ниту демант дека е во тек лидерска средба. Нема информации ниту дали на средбата присуствува претседателот на вториот партнер во коалицијата, „алтернативецот“ Африм Гаши.

Алсат ги имаат забележано и фотографирано возилата на лидерите на СДСМ и на Алијансата паркирани пред зградата на Собранието.

 

 

На почеток