Скопје

Се поплавија улиците и паркинзите во Клиничкиот центар

Улиците и паркинзите во Клиничкиот центар се поплавени по врнежите на дожд изминативе два дена. Паркингот кај Клиниката за стоматологија е целиот под вода и буквално за да излезат докторите и пациентите од возилата и да се движат низ комплексот шлапкаат низ вирови вода, Објави СДК.МК.

Уште во текот на градежните работи, вработените на клиниките ги предупредувале работниците дека овој простор постојано се поплавува и да водат сметка да стават повеќе сливници, но овие им одговарале: „Не се секирајте, водата си има природен пад“.

Реконструкцијата на улиците и изградбата на новиот паркинг чинеше 70 милиони денари.

Текстот во целост на: СДК.МК.

фото: СДК.МК

На почеток