Свет

Израел мислејќи дека го победи корона вирусот, ги отвори училиштата -тоа не помина добро

Додека Соединетите Држави и другите земји грозничаво размислуваат како повторно да ги отворат училиштата, Израел, една од првите земји што го сториja тоа, е пример за опасностите од избрзаниот чекор, вели Њујорк тајмс.

Убедена дека го победила коронавирусот и очајна да ја покрене уништената економија, израелската влада кон крајот на мај ги врати во училиште сите ученици.

За неколку дена беа пријавени инфекции во средно училиште во Ерусалим, кое брзо порасна во најголемо училишно жариште во Израел, веројатно и во светот.

Вирусот се пренесе во домовите на учениците, а потоа и во другите училишта и населби, на крај инфицирајќи стотици ученици, наставници и роднини.

Други жаришта принудија стотици училишта да се затворат. Низ целата земја, десетици илјади ученици и наставници беа ставени во карантин.

Советот на Израел за другите земји?

„Дефинитивно не треба да го сторат тоа што го сторивме ние“, рече Ели Ваксман, професорка во Научниот институт Вајзман и претседателка на тимот што го советува израелскиот Национален безбедносен совет за пандемијата. „Тоа беше голем кикс“.

Лекцијата, велат експертите, е дека дури и заедниците што успеале да го стават под контрола ширењето на вирусот треба да преземат строги мерки на претпазливост при повторното отворање на училиштата. Помали одделенија, носење маски, клупи на растојание од два метри и соодветна вентилација се клучни мерки додека да се добие вакцина.

На почеток