Македонија

(ФОТО) Денеска е заслугот на Св. Петка, утре е големиот празник

Утре 8 ми август православните христијани го чествуваат празникот  Света Петка-летна. Во очи на денот сите патишта водат кон Велгошти, во Охрид.Манастирот Св. Петка денеска ширум ги отвори портите за верниците. Годинава црковниот одбор, но и верниците максимално ги почитуваат Владините препораки за пандемија.

Верниците сите со заштитна маска и со почитување на дистанца стрпливо запалија свеќа за здравје, се поклонаа пред заштитничката, но и пред моштите на светицата.

Имено, во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.

Св. Петка неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин.. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век. Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

На овој ден кој е женски празник жените не би требало да месат, готват или да прават било каква работа во домот како не би го предизвикале гневот на светителката.

Според народното верување на овој празник не треба да се работи, бидејќи во спротивно ќе ви трпнат рацете преку целата година. Младите девојки пак, на овој ден треба да берат цвеќиња и со нив да го красат домот како би имало слога и мир. Исто така овој ден девојчињата треба да облечат нови фустани за да ги следи среќата во текот на годината.

На почеток