Скопје

(ВИДЕО) Инцидент пред Градска болница: Дете повредено во сообраќајка, се степале две семејства

Попладнево кај скопската болница „Св. Наум Охридски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир, по физичка пресметка  од страна на револтирани членови на семејство при претходно случена сообраќајна незгода, во која според првични сознанија било удрено дете.

На снимките кои ги објави Сител се гледа силно полициско присуство, а полицајците приведуваат и неколку лица.  Според тврдењата на очевидци пред да пристигне полицијата се слушала гласна расправија и удари од пред влезот на болницата.

https://www.facebook.com/sitelvesti/videos/699612187562445/?v=699612187562445

видео: Сител

To Top